Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Куманово вчера одржа трибина за матурантите под мотото „На матура без автомобил“.
На вчерашната трибина учествуваа матурантите од СОУ „Перо Наков“ и СОУ Гимназија „Гоце Делчев“.
Од полицијата им било посочено како да се однесуваат за време на претстојните матурски прослави со цел истите да бидат безбедни.
– На трибината посветена на темата околу безбедно одбележување на матурските прослави, а под мотото – “На матура без автомобил, алкохол и психотропни супстанци“, матурантите беа запознати со неопходноста од одговорно однесување, потоа за мерките и последиците од непочитување на законските прописи од областа на сообраќајот и од областа на јавниот ред и мир, а се со цел прославите да минат безбедно и мирно пред се во интерес на младите, велат од полицијата.
Инаку трибината ја организира Отсекот за превенција во соработка со Секторот за образование при Општина Куманово и испитен центар „Топ драјвер“.
Никола Ивановски