Триесет загинати во судирите во Појасот Газа и Израел

Сподели со своите пријатели

Израел и милитантите од Газа разменија силен оган во четвртокот, третиот ден од ескалацијата на насилството во кое загинаа 29 лица во палестинската енклава и едно во Израел.

Loading...

Во воздушните напади на израелската армија во вторникот загинаа борци и цивили, вклучително и неколку деца, соопштија официјални лица во крајбрежната област.

Ракетен истрел од Појасот Газа уби едно лице во израелскиот град Реховот, а ранети се уште најмалку две лица, соопшти израелската полиција. Уште три лица се ранети во Израел, јавува Франс 24.

Каиро посредуваше за примирје меѓу Израел и милитантната група Исламски џихад, додека Европската унија повика на итен прекин на огнот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Волстрит благо падна по наглото намалување на каматните стапки на ФЕД

– Повикуваме на итен сеопфатен прекин на огнот што ќе стави крај на израелските воени операции во Газа и сегашниот ракетен истрел од Израел, што е неприфатливо – се вели во соопштението на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жозеп Борел.

САД не упатија јасен повик за прекин на огнот, но портпаролот на Стејт департментот Ведант Пател рече дека настаните се „трагични и потресни“.

– Вашингтон ги повикува сите страни „да преземат мудри чекори за да се спречи загубата на цивилни животи и да се преземат чекори за да се обезбеди намалување на насилството – додаде тој.

Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок рече дека „крвопролевањето мора да престане сега“, додека ОН предупредија на „негативно влијание врз и онака тешката хуманитарна ситуација во Газа“.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сесија на Генералното собрание на ОН следната недела: 130 лидери ќе разговараат за Газа и Украина

Милитантите од Газа истрелале 620 ракети врз Израел од средата, соопшти војската, додавајќи дека 179 биле пресретнати од ракетниот одбранбен систем „Железна купола“.