Украинците ноќва уништиле 35 дронови лансирани од Русија

Сподели со своите пријатели

Највисоката воена команда на Украина во понеделникот соопшти дека нејзините сили ги уништиле сите 35 беспилотни летала Шахед од иранско производство што Русија ги лансираше во текот на ноќта кон различни цели низ земјата.

– Руската Федерација синоќа изврши 16 ракетни напади, особено на регионите Харков, Херсон, Миколаев и Одеса – објави Главниот штаб на украинските вооружени сили во своето секојдневно ажурирање, пренесува Ројтерс.

Се додава дека во текот на изминатиот ден биле извршени 61 воздушен напад и 52 ракетни напади врз позиции на украинските сили и населени места.

– За жал, има загинати и ранети цивили, оштетени се згради, приватни куќи и друга цивилна инфраструктура – се наведува.

Градоначалникот на Киев Кличко изјави дека најмалку пет лица се повредени во главниот град поради оштетување на зградите и инфраструктурата.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.