Времето денеска низ Македонија ќе биде претежно облачно, а во источните делови со сончеви периоди, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Кон крајот на денот и во текот на ноќта почнувајќи од запад ќе има врнежи од дожд.
Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен и југоисточен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21 степен.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен, односно југоисточен правец.
Утринската температура ќе се движи околу девет степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 21 степен целзиусов.
Во текот на ноќта се очекуваат врнежи од дожд.
Утре во кумановско ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југ и југоисток. Температурата ќе биде во интервал од минимални девет до максимални 16 степени целзиусови.
Четврток носи претежно облачно време со услови за кратки сончеви периоди, но и со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу осмиот степен, а дневниот максимум ќе достигне 17 степени целзиусови.
Слично време со облаци, сонце, но и дожд, ќе имаме и во петок кога ќе дува умерен до засилен ветер од север и северозапад. Температурата ќе биде во интервал од седум степени во утринските часови до максимални 20 во текот на денот.
Во сабота ќе имаме променливо облачно и топло време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и северозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу осмиот степен, додека дневниот максимум ќе достигне 23 степени целзиусови.
Во недела ќе имаме сончево и топло време. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. минималната температура ќе се движи околу 11 степени, а дневниот максимум ќе достигне високи 24 степени целзиусови.
Почетокот на следната работна недела носи услови за врнежи од дожд.
Никола Ивановски