СЗО: Висок ризик од биолошка опасност во Судан

Сподели со своите пријатели

Постои „висок ризик од биоопасност“ во суданскиот главен град Картум, откако една од завојуваните страни заплени лабораторија со опасни материјали.

Loading...

Во лабораторија се пронајдени патогени на сипаници и колера и други опасни материи, објави во вторникот Светската здравствена организација (СЗО).

Зборувајќи со новинарите во Женева преку видео врска од Судан, Нима Саед Абид од СЗО рече дека техничарите не можат да пристапат до Националната лабораторија за јавно здравје за да ги обезбедат материјалите.

„Ова е главната грижа: техничарите немаат пристап до лабораторијата за да се осигураат дека се достапни биолошки материјали и супстанции“, рече тој, одбивајќи да прецизира која страна го запленила објектот.

На 15 април избувнаа борби меѓу суданските вооружени сили и паравоените сили за брза поддршка (РСФ), при што според најновите податоци на СЗО загинаа најмалку 459 лица, а беа ранети 4.072.

Судирите ги парализираа болниците и другите основни услуги, а многумина останаа заробени во своите домови со намалени резерви на храна и вода.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Судан можете да ги прочитате ТУКА.