Кремљ: Путин нема двојник за настапи!

Сподели со своите пријатели

Кремљ во понеделникот ги отфрли сугестиите дека рускиот претседател Владимир Путин има двојник за јавни настапи.

„Веројатно сте слушнале дека Путин наводно има многу двојници кои работат за него додека тој седи во бункер.

„Гледате каков претседател имаме. Тој беше и сѐ уште е мега-активен.“

Ваквите зборови уследија по повторените сугестии дека Путин всушност е претставен од некој што се појавува на негово место во јавноста.

Последните обвинувања се појавија откако беше објавено дека Путин отпатувал во Украина за да ги посети воените зони под руска окупација.

„Тоа не беше вистинскиот Путин“, рече минатата недела Олексеј Данилов, секретар на Советот за национална безбедност на Украина.

Тогаш Кремљ го отфрли неговото тврдење.

Нема докази дека двојникот се појавува на официјалните средби на Путин.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.