Денеска и утре дожд, од четврток мал пад на температурите

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на места нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на ситен град.

Loading...

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 10, а максималната ќе достигне од 15 до 22 степена.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.

Температурата во утринските часови ќе се движи околу седмиот степен, додека дневниот максимум ќе достигне 16 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ќе се реконструираат фонтаните на плоштадот и кај Спортската сала (ВИДЕО)

 

Loading...

 

До среда времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, велат од УХМР.

На места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд, засилен до силен ветер и услови за ситен град.

Во среда ќе дува засилен северен ветер, што ќе услови намалување на дневната температура за неколку степени.

Во четврток и петок утринските температури ќе бидат пониски.

 

Loading...

Никола Ивановски