Во понеделник, 24 април, вработените на аеродромот Берлин-Бранденбург (БЕР) стапија во штрајк. Според германските медиуми работниците се борат за повисоки плати.
Поради штрајкот во понеделник, на овој аеродром нема да полета ниту еден авион.
Започна најавениот предупредувачки штрајк организиран од Синдикатот Верди за работниците од воздухопловната безбедност на аеродромот Берлин-Бранденбург.
„Во понеделникот наутро, од 3 часот и 30 минути, бројни вработени во воздухопловното обезбедување, контролата на патниците и контролата на персоналот и стоката ја прекинаа работата“, потврди синдикатот.
Набргу по објавувањето на предупредувачкиот штрајк, Аеродромот соопшти дека во понеделник нема да полетува патнички летови.
За потсетување, четири аеродроми во Германија се соочуваат со сериозни прекини во четврток и петок, 20 и 21 април, а откажани се околу 700 летови.
Синдикатот Верди ги повика работниците од воздухопловната безбедност да штрајкуваат на аеродромите во Дизелдорф, Хамбург, Келн/Бон и Штутгарт поради застојот во преговорите за платите.
Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.