Додека вооружените конфликти го тресат Судан, американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) ангажираше тим од експерти за да одговори и да ја координира хуманитарната помош за Судан, рече директорката на УСАИД, Саманта Паувер.
Според неа, експертскиот тим на УСАИД ќе оперира од Кенија во почетната фаза и ќе соработува со меѓународната заедница и други партнери за идентификување на приоритетните потреби и безбедно транспортирање на хуманитарна помош, пренесува Ројтерс.
– САД се мобилизираат за да ја зголемат помошта за народот на Судан, кој е заробен меѓу завојуваните фракции – рече Поуверова.
Вооружениот конфликт со редовната армија го започна пред осум дена паравоената група Сили за брза поддршка (РСФ), во меѓувреме загинаа стотици луѓе, а милиони Суданци се препуштени на хуманитарна криза.
– Борбите меѓу суданските вооружени сили и РСФ однесоа стотици животи и уште еднаш ги уништија демократските аспирации на народот на Судан.
Цивилите се заробени во своите домови и не можат да ги добијат толку потребните лекови, а им се заканува и долгорочен недостиг на струја, вода и храна – предупреди Пауер.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Судан можете да ги прочитате ТУКА.