Руска Дума: Нема да дозволиме Украина да влезе во НАТО

Сподели со своите пријатели

Русија нема да дозволи Украина да влезе во НАТО, изјави за Спутник претставникот на руската Државна дума од Крим, генерал-мајор во резерва Леонид Ивлев.

Loading...

– За Русија, влезот на Украина во НАТО значи дека ќе се појави извор на постојана воена опасност. Русија тоа не може и нема да го дозволи – рече Ивлев.

Според него, изјавата на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој при посетата на Киев рече дека Украина на крајот ќе се приклучи на Алијансата, само уште еднаш го потврдува учеството на НАТО во воениот конфликт на страната на Украина.

– НАТО ја снабдува Украина со оружје и воена опрема, обучува војници, а Столтенберг со таа изјава придонесува за ескалација на војната – заклучи заменикот.

За време на посетата на Киев, Столтенбег на заедничката конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина на крајот ќе се приклучи на Алијансата.

Според неговото мислење, Украина го има вистинското место во НАТО, а поддршката на Алијансата ќе „помогне да се случи“ со текот на времето.

Во септември 2022 година, Зеленски изјави дека Украина поднесува барање за забрзано членство во НАТО, како одговор на обединувањето на регионите ДПР, ЛНР, Херсон и Запорожје со Русија.

Процесот на прифаќање на Украина во НАТО е предвремен, изјави подоцна американскиот помошник на претседателот за национална безбедност Џејк Саливан.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.