Песков: Русија ги осудува обидите за блокада на влезот во Киевско-Печерската лавра

Сподели со своите пријатели

Русија најостро ги осудува обидите на украинската полиција да го блокира влезот во манастирот Киевско-Печерска Лавра во Куево, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Loading...

„Нашиот став е добро познат. Тој останува конзистентен. Ги осудуваме таквите постапки“, рече Песков, а пренесе ТАС С.

Украинската полиција рано денеска влезе во просториите на Киевско-печерската лавра и ги блокираше влезовите, соопшти Сојузот на православните новинари на Украина.

Новите конфликти околу киевско-печерската лавра започнаа кога Министерството за култура на Украина ја извести канонската Украинска православна црква (УПЦ) за едностраното раскинување на договорот за закуп на манастирот, а на монасите им беше кажано да ја напуштат Лавра на 29 март.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Песков: Контактите Путин-Трамп ќе започнат откако Трамп ќе ја преземе функцијата

Министерот за култура Александар Ткаченко тогаш рече дека монасите можат да останат во Лавра под услов да се префрлат во неканонската православна црква на Украина.

Комисијата на Министерството за култура требаше да почне да ги прима предметите од Лавра на 30 март, но верниците два дена по ред не дозволуваа нејзините претставници да влезат на територијата на манастирот.

УПЦ соопшти дека комисијата нема надлежност да започне со работа, бидејќи нема судска одлука.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...