ФСБ спречила саботажа на објектот на енергетскиот систем на Крим

Сподели со своите пријатели

Федералната служба за безбедност на Русија (ФСБ) спречила саботажа во објектот на енергетскиот систем на Крим, а во таа прилика бил уапсен украински агент, соопшти Центарот за односи со јавноста на ФСБ на Русија.

Loading...

„Во градот Керч на Крим, ФСБ на Русија спречи подготовка на саботажа на објектот на енергетскиот систем на полуостровот. Како резултат на преземените мерки, уапсен е државјанин на Русија и Украина, роден 1971 година, кој бил вклучен во подготовката на тоа кривично дело“, се наведува во соопштението.

Како што е наведено, на адресата на живеење на осомничениот биле запленети импровизирана експлозивна направа и средства за комуникација со преписка со претставник на разузнавачките служби на Украина, кои ги координирале саботажните активности.

Осомничениот е во притвор, а против него е покрената кривична постапка врз основа на два члена од Кривичниот законик на Русија, кои предвидуваат затворска казна од 20 години до доживотен, пренесува Спутник.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.