САД го обвинија бразилскиот претседател за „ширење руска и кинеска пропаганда“

Сподели со своите пријатели

Белата куќа остро го критикуваше бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва дека ги обвини САД за „охрабрување на војната во Украина“, пишува Си-Ен-Ен.

Loading...

По посетата на Кина за време на викендот, Лула рече дека САД треба да почнат да зборуваат за мир во Украина.

За време на посетата на Бразил, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се сретна со Лула и му се заблагодари на Бразил за напорите.

Портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби, го обвини Лула за „папагалирање на руската и кинеската пропаганда“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Жена жива изгоре во метрото во Њујорк, напаѓачот уапсен (ВИДЕО)

Лула, кој се претстави како посредник во мировните преговори за ставање крај на конфликтот, во текот на викендот изјави дека „САД треба да престанат да поттикнуваат војна и да почнат да зборуваат за мир“.

Неговите коментари уследија по состанокот со кинескиот претседател Си Џинпинг.

Во февруари, Кина објави мировен план кој експлицитно не ја повикува Русија да ја напушти Украина.

Русија ја започна својата инвазија на Украина во февруари минатата година. Меѓународниот кривичен суд оттогаш издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин.

Loading...

Лавров, кој ја посети Бразилија во понеделникот, рече дека Москва е „благодарна на нашите бразилски пријатели за нивното јасно разбирање за тоа како дојде до оваа ситуација“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп: Маск е неверојатен, но нема да биде претседател

– Благодарни сме за нивната желба да придонесат за изнаоѓање начин за решавање на оваа ситуација – рече Лавров.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.