Натпревар во кршење јајца утре во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во организација на здружението „Живот“ утре во 12 часот на градскиот плоштад во Куманово ќе се одржи настанот „Велигден, ист на различен начин“.

Loading...

На настанот е предвидена изложба и избор на најубаво декорирана велигденска кошница, изложба и избор на најубаво велигденско јајце и литературно читање.

Манифестацијата е предвидено да заврши со турнир во кршење велигденски јајца и прогласување на најцврсто велигденско јајце.

Коорганизатор на настанот е Фондацијата за култура и спорт Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  130 хектари површина изгореа во пожар во Руѓинце (ФОТО)