Европа троши десетици милијарди долари за поддршка на Украина, тоа не може да продолжи бесконечно, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.
„На финансиски план, Украина е непостоечка држава, штом Америка и ЕУ престанат да ја поддржуваат, конфликтот ќе заврши. Падот на економските показатели е огромен, што е сосема логично поради војната, пренесува Спутник. Очигледно е дека Украина не може да се финансира.
Прашањето е дали ќе ја поддржиме Украина. Штом Америка и Европа дадат негативен одговор на тоа прашање, војната ќе заврши“, изјави Орбан за радио станицата „Кошут“.
Како што рече, Европа финансиски ги покрива украинските пензии, сметки, државни институции, здравство, образование, а тоа се огромни суми, неколку десетици милијарди евра, кои недостигаат на европската економија.
Преку буџетот на ЕУ, Унгарија учествува и во финансирањето на Украина, иако положбата на унгарското малцинство во Закарпатија постојано се влошува, рече Орбан.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.