Тајни документи: Голем конфликт во рускиот воен врв. Путин ги смирувал Пригожин и Шојгу!

Сподели со своите пријатели

Новооткриените доверливи разузнавачки документи сугерираат дека конфликтите во руската политичка и воена елита се многу пошироки и подлабоки отколку што се мислеше.

Loading...

Станува збор за вкупно 27 страници документи кои потврдуваат колку длабоко американските шпионски агенции навлегле во речиси секој аспект на рускиот разузнавачки апарат и воената командна структура.

Во еден документ американските разузнавачи наведуваат дека руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) го „обвинила“ Министерството за одбрана „за прикривање на руските жртви во Украина“.

Американците тврдат дека ова откритие ја докажува неподготвеноста на „воените службеници да пренесат лоши вести до синџирот на команда“, пишува Њујорк Тајмс.

„Бројот на ранети и убиени Руси се приближува до 110.000“

Документите не содржат многу информации од човечки извори, туку најчесто се материјали добиени со пресретнување на комуникациите.

Многу аналитичари веруваат дека документите покажуваат неколку сеопфатни причини зошто рускиот претседател Владимир Путин не успеа да обезбеди воена победа во Украина по повеќе од 13 месеци војна.

Документите го докажуваат постоењето на внатрешни борби и меѓусебни обвинувања меѓу руските агенции одговорни за различни аспекти на војната.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сесија на Генералното собрание на ОН следната недела: 130 лидери ќе разговараат за Газа и Украина

Претставници на ФСБ велат дека проценката за жртвите на Министерството за одбрана не ги вклучува загинатите и ранетите меѓу руската национална гарда, платеничките сили на Вагнер или борците предводени од чеченскиот лидер Рамзан Кадиров.

Loading...

Се наведува дека ФСБ „пресметал дека реалниот број на Руси ранети и убиени во акција е поблиску до 110.000“, но проценката за бројот на жртвите на руското Министерство за одбрана не е прецизирана.

Во септември Министерството за одбрана последен пат јавно го објави бројот на загинати руски војници.

Министерот за одбрана Сергеј Шојгу тогаш изјави дека од почетокот на војната биле убиени 5.937 руски војници.

Путин ги покани Пригожин и Шојгу на средба

Американските власти претходно ги процениле руските загуби на околу 200.000 војници.

Во еден од објавените документи се наведува дека Русите претрпеле од 189.500 до 223.000 жртви, вклучително и до 43.000 убиени во акција, во споредба со 124.500 до 131.000 украински жртви, вклучувајќи 17.500 убиени во акција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бланар: Членството на Украина во НАТО ќе создаде дополнителни конфликти

Доверливите документи, исто така, содржат нови детали за јавната расправа на која шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин ги обвини руските воени претставници дека им ја негирале итно потребната муниција на неговите борци.

Путин, наводно, лично се обидел да го реши спорот со тоа што ги поканил Пригожин и Шојгу на состанок, за кој се верува дека се одржал на 22 февруари.

„Средбата речиси сигурно се однесуваше, барем делумно, на јавните обвинувања на Пригожин и на тензиите со Шојгу како резултат на тоа“, се вели во документот.

Loading...

„Њујорк тајмс“ пишува дека станува збор за материјали на Националната агенција за безбедност, Канцеларијата на директорот на националното разузнавање и Дирекцијата за разузнавање на Здружениот началник на Генералштабот на Пентагон.

„Русија не успеа да го запре протокот на западно оружје во Украина“

Материјалите беа објавени на еден од каналите Дискорд, а американските власти потврдија дека документите се автентични, но предупредија дека некои се изменети.

Документите може да содржат и застарени или неточни информации.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Путин најави сериско производство на модерно оружје за руската армија

Еден од документите, кој се чини дека го напишал Здружениот Генералштаб на 23 февруари, заклучува дека Русија не успеала да го запре масовниот проток на западно оружје и опрема во Украина од почетокот на војната.

Руското разузнавање објави дека Кина го одобрила обезбедувањето смртоносна помош

Дополнително, се предвидува дека руската војска нема да може да го промени ова во блиска иднина.

„Во текот на следните 6 месеци, економските предизвици на Русија и намалените конвенционални способности многу веројатно дополнително ќе ги попречат нејзините напори, создавајќи претежно попустлива средина за континуирана испорака на смртоносна помош“, оценуваат Американците.

Новите материјали, исто така, вклучуваат документ од шест страници датиран на 23 февруари од Канцеларијата на директорот на националното разузнавање со наслов „Извештај од надзорот“.

Се наведува дека руската надворешна разузнавачка служба известила дека Кина го одобрила обезбедувањето смртоносна помош за Русија, повикувајќи се на следење на комуникациите.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.