Северна Кореја објави фотографии од тестирањето на новата балистичка ракета (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Северна Кореја соопшти дека вчера тестирала нова интерконтинентална балистичка ракета со цврсто гориво (ИЦБМ), а лидерот Ким Џонг-ун рече дека тоа претставува голем чекор во способноста на Пјонгјанг да изврши нуклеарен контранапад, објавија државните медиуми.

Loading...

 

 

Интерконтиненталната балистичка ракета на цврсто гориво е најсовремен светски стандард и може полесно да се поместува и лансира побрзо од ракетите на течно гориво.

 

 

Loading...

Главниот ICBM на САД, Minuteman III, се напојува со три ракетни мотори со цврсто гориво, пишува CNN.

„Хвасонг-18 ќе ја брани Северна Кореја, ќе ги потисне инвазиите и ќе ја заштити безбедноста на нацијата“, соопшти државната новинска агенција КЦНА, велејќи дека Ким изразил „големо задоволство“ поради успехот на пробното лансирање.

 

 

Лансирањето на Северна Кореја предизвика паника на северниот јапонски остров Хокаидо, откако владиниот систем за итни случаи ги предупреди жителите да се евакуираат.

 

Loading...

 

Набргу потоа, стравот се претвори во гнев и збунетост бидејќи беше укината наредбата за евакуација.

Јужнокорејската војска веднаш објави дека верува оти Пјонгјанг тестира нова балистичка ракета.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Северна Кореја можете да ги прочитате ТУКА.