Украинскиот БДП паднал за 29,1 отсто во 2022 година

Сподели со своите пријатели

Бруто домашниот производ на Украина паднал за 29,1 отсто во 2022 година во споредба со претходната година поради руската инвазија што ја опустоши земјата, објави денеска Украинскиот државен комитет за статистика.

Loading...

Земја која дава отпор со помош на западната воена и финансиска помош претрпе уништување на цели делови од нејзината економија.

Најпогоден е градежниот сектор, со пад од 67,6 отсто лани.

Сепак, иако непријателствата продолжуваат и иако 20 отсто од украинската територија е окупирана, Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), еден од клучните финансиери на Киев, смета на делумно и постепено економско закрепнување оваа година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Одложени преговорите меѓу Украина и Русија во Истанбул!

ММФ проценува дека, во зависност од сценариото, украинската економија би можела да се движи меѓу рецесија од три отсто и раст од еден отсто во 2023 година.

Таа институција предвидува забрзување на економскиот раст во 2024 година до 3,2 отсто, а потоа и до шест отсто во 2025 година.

Фондот штотуку одобри 15,6 милијарди долари помош за Украина како дел од големиот меѓународен план за поддршка од 115 милијарди долари.

Украина беше една од најсиромашните земји во Европа пред руската инвазија. Во 2021 година нејзиниот БДП забележа раст од 3,4 отсто.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.