Тајванското Министерство за одбрана во четвртокот објави дека кинески воени авиони и бродови сè уште оперираат околу островот, неколку дена откако Пекинг објави дека воените вежби официјално завршиле.
Тајванското министерство објави дека открило 26 авиони и седум пловни објекти во последните 24 часа.
Од нив, 14 авиони поминале половина од Тајванскиот теснец и влегле во тајванската воздушна одбранбена зона за идентификација (АДИЗ).
Министерството во средата објави дека претходниот ден биле откриени 35 авиони и осум пловила.
Германската агенција dpa пишува дека Кина на тој начин ја покажува својата воена сила со цел да го заплаши Тајван и да го одврати од стремежот за независност.
Кина минатата недела одржа тридневни воени вежби како одговор на посетата на кинескиот претседател Цаи Инг-вен на Калифорнија, каде што се состана со претседателот на Претставничкиот дом Кевин Мекарти.
Пекинг објави дека вежбите завршиле во понеделник.
Сите информации поврзани со најновите случувања во Тајван можете да ги прочитате ТУКА.