Ким Џонг Ун повика на поголема и поефикасна употреба на борбените сили

Сподели со своите пријатели

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун побара проширување и поефикасна употреба на борбените сили поради „влошената безбедносна ситуација на Корејскиот полуостров“, објави денеска Корејската централна новинска агенција (КЦНА).

Loading...

Вчера во седиштето на Централниот комитет се одржа шестиот проширен состанок на Осмата Централна воена комисија на Работничката партија на Кореја, а тема на состанокот со кој претседаваше Ким Џонг Ун беше актуелната геополитичка ситуација во регионот и развојот на неколку воени планови, пренесува Ројтерс.

„Ким ја нагласи потребата од проширување на воените капацитети со побрзо темпо, како и нивна ефективна примена, како мерка за построга контрола и управување со сè потешката безбедносна ситуација на Корејскиот полуостров“, јави КЦНА.

Се нагласува дека севернокорејскиот лидер извршил „ревизија на плановите за офанзивна акција на фронтот“ и разни воени документи, како и дека посочил дека задачите постојано се ажурираат и дека борбените капацитети на армијата се подобрена.

Кон крајот на минатата недела, Северна Кореја престана да одговара на редовните повици на Јужна Кореја преку меѓукорејскиот канал за комуникација, вклучувајќи ги линиите на војската и Министерството за обединување.

„Двете земји одржуваат редовни разговори два пати на ден, наутро и попладне, преку воени и комуникациски линии, но Северна Кореја веќе петти ден не возвраќа на повиците“, се вели во соопштението на јужнокорејското Министерство за одбрана, пренесе Ројтерс.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Северна Кореја можете да ги прочитате ТУКА.