Шведската служба за безбедност денеска соопшти дека уапсила пет лица под сомнение дека имале намера да извршат терористички акт, пренесува Ројтерс.
Loading...
Се верува дека осомничените имаат меѓународни врски со насилниот исламистички екстремизам, се вели во соопштението на Службата за безбедност.
Безбедносната служба претходно предупреди дека заканите за напад на Шведска се зголемени откако екстремно десничарскиот активист Расмус Палудан запали Куран пред турската амбасада во јануари.
Тоа предизвика бес низ муслиманскиот свет и го поттикна турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган да побара од Стокхолм да ги измени своите закони за да ги направи таквите дела незаконски.