Палестински напаѓач избоде двајца Израелци во близина на воена база

Сподели со своите пријатели

Палестинец вооружен со нож денеска нападнал двајца Израелци во близина на воена база јужно од Тел Авив, а потоа бил уапсен, соопшти полицијата.

Loading...

Израелската брза помош Црвениот штит на Давид (Маген Дејвид Адом) соопшти дека еден војник е тешко повреден, а друг полесно повреден во нападот на автопатот во близина на воената база Црифин.

Ранетите Израелци биле пренесени во блиската болница, а израелските медиуми јавуваат дека станува збор за војници.

Полицијата соопшти дека цивилите кои биле на местото на нападот го фатиле осомничениот напаѓач.

Во 2003 година, за време на втората палестинска интифада, востание против израелската окупација, девет војници беа убиени во самоубиствен напад во близина на базата, според Франс прес.

Денешниот напад уследи по неколку смртоносни инциденти од петокот по затишјето на израелско-палестинското насилство од почетокот на муслиманскиот пост Рамазан пред десет дена.

Во понеделникот, израелски војници убија двајца вооружени Палестинци за време на апсењето во окупираниот град Наблус на Западниот Брег.

Според податоците на АП, од почетокот на оваа година се убиени најмалку 88 Палестинци.

Loading...

Во истиот период во палестинските напади врз Израелците загинаа 15 лица.