Украина: Русите кренаа „победоносно“ знаме во Бахмут над WC

Сподели со своите пријатели

Руските сили подигнаа победничко знаме над „некој вид тоалет“ во Бахмут, соопшти денеска Украина, исмејувајќи ги руските тврдења дека градот на истокот на земјата паднал во руски раце.

Loading...

Вчера, да потсетиме, основачот на озлогласената руска платеничка група Вагнер, Евгениј Пригожин, тврдеше дека неговите војници „легално го окупирале Бахмут“ со развиорување на руското знаме над остатоците од градската управа.

Портпаролот на украинската армија Серхи Череваџи денеска изјави дека тоа е „многу далеку“ од вистината, тврдејќи дека за Бахмут се уште траат жестоки борби.

„Нека мислат дека го освоиле“

„Тие развиориле знаме над некаков тоалет. Го закачиле на ѕидот Господ знае што, ја развиориле крпата и рекле дека го освоиле градот. Па, нека мислат дека го освоиле“, рече Череваџи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Путин го разреши директорот на Роскосмос

Украинската армија доцна синоќа соопшти дека одбила 45 напади во последните 24 часа, а „епицентарот на операциите“ бил Бахмут.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.