Милијардерот Бил Гејтс се возеше низ сообраќајниот метеж во Лондон (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Бил Гејтс по возењето заклучи дека автономните возила ќе го променат транспортот исто толку драстично како што компјутерот ја смени канцелариската работа.

Loading...

Основачот на Мајкрософт, најблаго речено, беше изненаден од автономното возење во пракса, кога ги сфати предизвиците во креирањето на вакви системи.

Тој доби можност да вози во електричен Jaguar I-Pace опремен со системот за автономно возење на Wayve.

Во исто време, тие не користеа строго контролиран полигон за возење на вакви автомобили, туку се справија со сообраќајниот хаос на Лондон, кој покрај густиот сообраќај, често вклучува и многу тесни патишта, бројни велосипедисти и некои изненадувања.

Покрај тоа, системот развиен од Wayve не се заснова на инструкции базирани на мапи, туку учи во реално време.

Токму оние изненадувања во сообраќајот што се случуваат во реално време бараат брза, пред се оптимална реакција, а судејќи според реакцијата на Гејтс, овој систем совршено ги исполнува своите задачи.

Гејтс бил понесен од своето искуство и заклучил дека „автономните возила ќе го променат транспортот исто толку драстично како што компјутерот ја променил канцелариската работа“.

Гејтс е уверен дека хардверот е подготвен, а останува само да го прилагоди софтверот.

Loading...

А тоа е многу потребно, бидејќи и при неговото возење во Јагуар неопходна била реакцијата на таканаречениот „безбедносен возач“.

Тој смета дека најпрво треба да се автоматизираат специјализираните возила, како што се доставувачите или такси возилата, а на самиот крај патничките.