УХМР најавува обилни врнежи од дожд и снег

Сподели со своите пријатели

Под влијание на циклонска активност денес ќе има врнежи од дожд, кои попладне и во текот на ноќта на повеќе места ќе бидат поројни и обилни (над 30 л/м 2 ).

Loading...

Во југоисточните делови врнежите ќе бидат проследени со грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

На планините и на некои повисоки места во западните делови врнежите до крајот на денот ќе преминат во снег и ќе се формира нова снежна покривка.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд и слаб до умерен ветер од северен и североисточен правец.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец со остри предмети им се заканувал на своите родители

Температурата во утринските часови ќе се движи околу еден степен над нулата, додека максималната дневна се очекува да се искачи до 12 степени целзиусови.

Loading...

 

 

Утре претпладне низ Македонија, како што информираат од УХМР, ќе има локални врнежи, но ќе бидат со послаб интензитет, а во западните делови ќе провејува слаб снег.

Денес и утре ќе дува засилен северен ветер што ќе услови значително намалување на дневната температура.

Никола Ивановски