На улиците на Париз има ѓубре тешко како Ајфеловата кула: Штрајкот прекинат

Сподели со своите пријатели

Комуналните работници во Париз го прекинуваат повеќенеделниот штрајк кој, меѓу другото, доведе до натрупани илјадници тони ѓубре на улиците.

Loading...

Екипи за чистење се распоредени да го собираат отпадот што се насобрал на улиците за време на протестот организиран против пензиската реформа.

Францускиот синдикат CGT објави дека тринеделниот штрајк е завршен. Се проценува дека до денес на улиците на Париз се собрале 10.000 тони ѓубре, како што се наведува, точно колку вкупната тежина на Ајфеловата кула.

За време на вчерашните протести низ Франција беа уапсени десетици демонстранти и повторно избувнаа немири, иако на улиците излегоа значително помал број луѓе.

За синдикатите, борбата против законот е далеку од завршена. Единаесеттиот ден од протестот е закажан за 6 април.

Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.