Во големото интервју за Асошиетед прес, украинскиот претседател Володимир Зеленски подетално го допре рускиот претседател Владимир Путин.
Зеленски рече дека Путин е „информативно изолирана личност“ која „изгуби сè“ за време на последната година од војната.
„Тој нема сојузници“, рече Зеленски, додавајќи дека му е јасно дека дури ни Кина повеќе не е подготвена да ја поддржува Русија.
Да потсетиме, претседателот Си Џинпинг неодамна беше во државна посета на Москва.
Украинскиот претседател исто така рече дека бомбастичната најава на Путин е всушност пренасочување на вниманието од конкретен неуспех.
Зеленски, всушност, сугерираше дека најавата на Путин дека ќе премести тактичко нуклеарно оружје во Белорусија, која е поблиску до територијата на НАТО, а која дојде набргу по посетата на Sи, имаше за цел да го одвлече вниманието на јавноста од фактот дека посетата на кинескиот лидер не оди добро.
И покрај нуклеарните провокации на Путин и острата реторика од неговите сојузници како Дмитриј Медведев, Зеленски изјави за АП дека не верува дека рускиот лидер е подготвен да користи нуклеарно оружје.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.