Новинари од Асошиетед прес го придружуваа Володимир Зеленски на дел од неговото патување оваа недела низ предните региони и во пограничниот регион Суми.
За тоа време, украинскиот претседател ги повтори барањата на Украина за помодерно оружје, а исто така рече дека некои елементи обезбедени од Западот не функционираат.
„Имаме одлични одлуки за Патриот, но ги немаме во реалноста“, рече тој, мислејќи на ветениот систем за воздушна одбрана од САД.
Зеленски рече дека на Украина ѝ се потребни 20 батерии од системот Патриот за заштита од руски ракети, но дека „и тоа можеби не е доволно“, бидејќи ниту една земја во светот не била нападната со толку многу балистички ракети.
Зеленски додаде дека европската нација испратила друг систем за воздушна одбрана во Украина, но тоа не функционирало и тие „морале да го менуваат одново и одново“.
Тој не ја прецизираше државата.
Зеленски го повтори и неговото постојано барање за борбени авиони. Тој се пожали дека Украина „сѐ уште нема ништо кога станува збор за модерни борбени авиони“.
Полска и Словачка одлучија да ѝ дадат на Украина борбени авиони од советската ера, но ниту една западна земја досега не се согласи да обезбеди модерни воени авиони, поради загриженоста дека може да го ескалира конфликтот и предизвиците за обука.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.