Утре без струја повеќе делови на кумановско

Сподели со своите пријатели

Повеќе делови на Куманово утре ќе останат привремено без електрична енергија поради најави за прекини од страна на ЕВН Македонија.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во период од 09:00 до 11:00 часот прекини ќе има кај корисниците од селото Габреш.

Во период од 12:00 до 14:00 без електрично напојување ќе се корисниците од селото Пчиња, а од 08:00 до 14:00 часот базната станица на А1 во селото Липково, Липковска Брана, ресторан „Фрескиа“, филтер станица во селото Липково, објекти на акумулација Глажња, селото Р’нковце, Стрима, Гошинце и Лукаре.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец возел со 2,70 промили алкохол, полицијата го привела

Прекини беа најавени и за денеска, па така од 08:00 до 10:00 часот без напојување беа делови на населбата Карпош, околу „Сателит“, а од 07:30 до 14:30 прекини ќе има на улицата „Бајрам Шабани“.

Никола Ивановси