Под влијание на циклонска активност утре времето ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Попладне и во текот на ноќта на места врнежите ќе бидат пообилни, а поради продор на постудена воздушна маса со засилен северен ветер ќе преминуваат во снег на повисоките и на некои пониски места, особено во западните делови.
На планините ќе се формира нова снежна покривка, а помала и на некои повисоки места.
Утре во Куманово ќе имаме облачно време со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен ветер.
Во текот на вечерните и ноќните часови се очекува зголемување на облачноста и услови за врнежи од дожд и снег, а температурата ќе се спушти на околу еден степен целзиусов.
Во четврток ќе дува засилен до силен северен ветер (наместа и над 70 км/час) и на места ќе провејува слаб снег.
Четврток во Куманово носи облачно време со врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен до силен ветер од северен правец, кој ќе достигне и до 60 километри на час.
Температурата ќе биде во опаѓање па така утринската ќе се движи околу еден степен, а максималната дневна само до пет степени целзиусови.
Од петок се очекува разведрување и постепен раст на температурите.
Никола Ивановски