Британското Министерство за одбрана го објави најновиот извештај на своите разузнавачи за војната во Украина.
Во него тие потсетуваат како руските власти ѝ забранија на злогласната руска платеничка група Вагнер да регрутира во затворите поради тензиите со военото раководство во Москва.
Додаваат дека пред тоа Вагнер регрутирал голем број осуденици од руските затвори и ги пратил на фронтот во Украина.
Британското воено разузнавање известува дека основачот на Вагнер, Евгениј Пригожин, сега многу веројатно се префрлил на обидот да регрутира слободни руски граѓани.
Така, Вагнер има воспоставено центри за регрутирање во спортски центри на најмалку 40 локации низ Русија од почетокот на март, се вели во извештајот.
„Пријава на млад воин“
„Во изминатите неколку дена, маскирани вагнерци задолжени за регрутирање одржаа предавања за кариера во московските средни училишта и дистрибуираа прашалници со наслов „апликација за млад воин“ за собирање информации за контакт на заинтересирани студенти“, се вели во извештајот на британското разузнавање.
Во извештајот се наведува и дека околу половина од осудените испратени во Украина најверојатно биле убиени или ранети.
„Малку е веројатно дека новите иницијативи ќе ги компензираат загубите на осудените во редовите на Вагнер“, се вели во извештајот.
„Доколку се задржи забраната за регрутирање затвореници, Пригожин веројатно ќе биде принуден да го намали интензитетот на операциите на Вагнер во Украина“, се вели во извештајот на британското разузнавање.
Latest Defence Intelligence update on the situation in Ukraine – 13 March 2023
Find out more about Defence Intelligence: https://t.co/qi9pyI0NXr
🇺🇦 #StandWithUkraine 🇺🇦 pic.twitter.com/hc3RfWFhvf
— Ministry of Defence 🇬🇧 (@DefenceHQ) March 13, 2023
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.