Во денешното соопштение за состојбата на бојното поле, британското Министерство за одбрана пишува дека Русите на бојното поле испраќаат тенкови од 1950-тите.
„Руската војска одговори на загубата на тешки оклопни возила со распоредување на главни борбени тенкови Т-62 стари 60 години“, пишуваат Британците.
Понатаму, продолжуваат Британците, постои реална можност 1-та гардиска тенковска армија, наводно руската тенковска ударна сила, исто така да ги добие овие тенкови за покривање на загубите.
Имено, за 1-та гардиска тенковска армија беше кажано дека треба да се засили со тенкови од новата генерација од 2021 година, Т-14 Армата.
Во последните денови беа идентификувани руски оклопни транспортери БТР-50, кои првпат беа испорачани во 1954 година, а сега за прв пат беа распоредени во Украина“, пишуваат Британците.
Од летото 2022 година, околу 800 Т-62 се извадени од складиштето, а некои добија надградени системи за набљудување кои веројатно ќе ја подобрат нивната ефикасност во текот на ноќта, додаваат Британците.
Но, јасно е дека овие тенкови се крајно ранливи и застарени и крајно небезбедни бидејќи нивниот оклоп не е прилагоден на модерното оружје, пренесува Индекс.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.