Штрајк на ваботените во јавниот транспорт во Германија

Сподели со своите пријатели

Вработените во јавниот транспорт во петокот излегоа на штрајк во бројни градови низ Германија, на покана на синдикатот Верди.

Loading...

Германскиот весник „Билд“ пишува дека на почетокот на неделата Верди најави штрајк на вработените во јавниот транспорт во повеќе од 30 градови во шест покраини – во Баден-Виртемберг, Хесен, Долна Саксонија, Северна Рајна-Вестфалија и Саксонија.

Штрајковите меѓу другите се во Бохум, Дортмунд, Ахен, Минстер и Дизелдорф, пренесува Независне новине.

Весникот наведува дека ситуацијата е особено тешка во Дортмунд каде се играше фудбалски натпревар меѓу локалната Борусија и Лајпциг, а се одржува и настап на познатиот комичар Булент Кајлан и мото рели.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се ограничува маржата на 10 проценти, а опфатени се 100 продукти

Синдикатите бараат зголемување на платите за 10,5 отсто, но не помалку од 500 евра месечно.

Одбиена е контрапонудата на работодавачите за зголемување на платите за пет проценти.

Следната рунда преговори треба да започне на 27 март.

Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...