Уапсени 218 лица во врска со урнатите згради во земјотресите во Турција

Сподели со своите пријатели

Во Турција се уапсени 218 лица осомничени за недостатоци во изградбата на урнати згради во земјотресите што го погодија јужниот дел на земјата на почетокот на февруари.

Loading...

Во рамките на истрагата што ја покрена обвинителството, одговорни се вкупно 869 лица, јавува агенцијата Анадолу.

Досега се уапсени 218 лица, а по уште 151 осомничен се распишани потерници.

Утврдено е и дека 31 осомничен не е жив, а петмина се во странство.

Како што соопштија од обвинителството, 81 осомничен по давање исказ биле пуштени на слобода.

Бројот на загинати во разорните земјотреси што ја погодија Турција на 6 февруари се искачи на 45.089, соопшти вчера Државната агенција за управување со катастрофи (АФАД).

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сијамски близначки од Пакистан успешно разделени во Анкара

Повеќе од 13 милиони луѓе во Турција беа погодени од земјотресите, како и многу луѓе во северозападна Сирија.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...