Песков: НАТО од противник до непријател

Сподели со своите пријатели

Земјите на НАТО, кои станаа учесници во конфликтот во Украина, дејствуваат како единствен блок, веќе не условени противници на Русија, туку нејзини непријатели, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Loading...

Тој во интервју за весникот „Известија“ ја коментираше одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да го прекине учеството на Русија во Договорот СТАРТ 3.

Како што наведе тој, кога се појавил документот, во него не бил вклучен нуклеарниот потенцијал на Франција и Велика Британија, кои биле неспоредливи со арсеналот на Русија и САД.

Но, сега кога НАТО практично стана учесник во конфликтот во Украина, ситуацијата се промени, објасни Песков, пренесе Спутник.

„НАТО сега се појавува како обединет блок, веќе не на нашите условни противници, туку на непријатели. Нивната разузнавачка служба работи против нас 24 часа, нивното оружје, како што неодамна истакна Путин, бесплатно се доставува до Украина и со него се пукаат нашите војници, да не зборувам дека се пука и врз граѓаните на Украина, се носат одлуки и се преземаат обврски во НАТО во врска со нови испораки, нови серии на се помодерно оружје“, рече Песков.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Песков: Контактите Путин-Трамп ќе започнат откако Трамп ќе ја преземе функцијата

Портпаролот на Кремљ изјави и дека ситуацијата во Киев е таква што нема можност да се разгледаат некои нијанси за мирно да се реши конфликтот и затоа специјалната операција продолжува се додека не се постигнат целите.

Тој додаде дека во Украина има сили на кои не им се допаѓа сегашниот режим во Киев, а има и сили надвор од границите на Украина.

На прашањето дали Русија по постигнувањето на целите на специјалната операција би можела да започне преговори со тие сили, тој одговори потврдно.

Loading...

Како што наведе, ако сакаше Западот, одамна можеше да ги започне преговорите со Русија. Тие преговори ќе беа тешки, ќе имаше непомирливи позиции за некои прашања, но ќе имаше преговори, но западните земји одбија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Оваа елитна единица е клучна за одбраната на Украина: Гледаме толку многу трупови...

Тој додаде дека Путин бил и останува отворен за сите контакти кои можат да придонесат Русија на еден или друг начин да ги постигне сопствените интереси, по можност преку мирни средства, но ако тоа не е можно, тогаш преку воени средства.

За кинескиот план

Песков се осврна и на кинескиот план за решавање на конфликтот во Украина, нагласувајќи дека требало да се слушне гласот на Пекинг. Го поздравуваме обидот да се формулираат тези за мирно решавање на конфликтот, важни се нијансите, рече тој.

Кина е голема, моќна земја чии интереси не може да ги игнорира ниту еден играч на меѓународната сцена, рече Песков, додавајќи дека кинескиот план, во делот што се однесува на безбедноста, се совпаѓа со пристапот на Русија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Захарова: Зеленски се покажа како крволочно чудовиште

Поддршка за Путин

Песков рече дека огромното мнозинство Руси целосно го поддржуваат претседателот на Русија – целите на специјалната операција и текот на развојот додека се потпираат на сопствените сили.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.