Севернокорејскиот претседател Ким Џонг Ун денеска одржа состанок со претставници на владејачката Работничка партија на кој разговараа за подобрување на економијата и земјоделскиот сектор.
Според Ројтерс, експерти од многу земји проценуваат дека недостигот на храна во Северна Кореја неодамна се влошил, како резултат на санкциите и карантинот поради вирусот Ковид-19.
Севернокорејскиот државен медиум KCNA претходно објави дека состанокот бил „многу важна и итна задача за воспоставување правилна стратегија за развој на земјоделството“.
Ројтерс јавува дека постои можност ситуацијата со снабдувањето со храна во таа земја да се влошила, а ги пренесува зборовите на официјален Сеул дека оваа средба е де факто признание дека во Северна Кореја има сериозен недостиг на храна.
Американскиот портал специјализиран за Северна Кореја, North38, тврди дека „достапноста на храна веројатно паднала под најнискиот минимум во однос на човечките потреби“ и дека недостигот на храна е најлош од големите гладови во 1990-тите.
Северна Кореја е под многу строги меѓународни санкции поради нејзините програми за нуклеарно оружје и балистички ракети, а во последниве години нејзината ограничена меѓународна трговија се најде под дополнително оптоварување поради карантинот и мерките против ширењето на вирусот „Ковид-19“.
Сите информации поврзани со најновите случувања во Северна Кореја можете да ги прочитате ТУКА.