Американскиот поморски патролен и извидувачки воен авион „П-8А Посејдон“ прелета низ Тајванскиот теснец, соопшти денеска Министерството за одбрана на Тајван.
Пекинг негодува на американските воени мисии низ теснецот, обично воени бродови, но понекогаш и авиони, и инсистира на тоа дека Кина има суверенитет, суверени права и јурисдикција над водниот пат.
Министерството за одбрана на Тајван во кусото соопштение соопшти дека американскиот авион P-8A, кој се користи и во мисии против подморници, летал на југ низ теснецот.
Тајванските сили го следеа леталото додека леташе преку теснецот, соопшти Министерството, истакнувајќи дека ситуацијата е нормална, пренесува Танјуг.
САД претходно изјавија дека ваквите мисии ја покажуваат посветеноста на Америка за слободен и отворен Индо-Пацифик.
Сите информации поврзани со најновите случувања во Тајван можете да ги прочитате ТУКА.