Неделна прогноза за Куманово: Подгответе се за многу дожд!

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, локално врнежите ќе бидат поројни проследени со ретки грмежи.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од јужен, односно југоисточен правец.

Температурата во утринските часови ќе се движи околу еден степен, додека максималната дневна се очекува да се искачи до 15 степени целзиусови.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен кумановец кој се заканувал на своето семејство

 

 

Утре во кумановско ќе имаме облачно време со врнежи од дожд и слаб до умерен ветер од северен односно северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до петиот степен, додека максималната дневна ќе достигне 14 степени целзиусови.

Во среда во кумановско ќе имаме повторно облачно врме и врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од север и северозапад. Температурата ќе се движи во интервал од шест степени во утринските часови до максимални 11 во текот на денот.

И во четврток ќе имаме облачно време и врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, односно северозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу четвртиот степен, додека максималната дневна се очекува да се искачи до девет степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Скоро 100 малолетници затекнала полицијата во Куманово по полноќ

 

Loading...

 

Во петок се очекува да престанат врнежите од дожд и да имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од запад и северозапад. Температурата ќе биде во интервал од пет степени во утринските часови до максимални осум во текот на денот.

Облачно време ќе имаме во сабота со слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи околу четвртиот степен, а максималната дневна околу 10 степени.

Недела носи повторно облачно време и врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен, односно северозападен правец. температурата во утринските часови ќе се движи околу еден степен во позитива, додека дневниот максимум ќе се искачи до девет степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Продолжува поставувањето полуподземни контејнери низ Куманово (ВИДЕО)

 

 

Од следната работна недела се очекува престанок на врнежите.

Loading...

Никола Ивановски