Американски ветеран загина борејќи се за Украина

Сподели со своите пријатели

Американскиот ветеран од Маршфилд, Висконсин, Ендрју Питерс, е убиен во акција во Украина на 16 февруари, јави телевизијата „WSAW“.

Loading...

„Можеме да ја потврдиме смртта на американските граѓани во Украина“, изјави вчера портпаролот на американскиот Стејт департмент за Си-Ен-Ен.

„Ние сме во контакт со нивните семејства и им пружаме секаква можна конзуларна помош“, рече тој, јави Танјуг.

Ендрју Питерс (28) се приклучи на Меѓународната одбранбена легија на Украина.

Легијата е основана од претседателот на Украина, Володимир Зеленски, за да им овозможи на странските граѓани „да се приклучат на отпорот против руските окупатори и да се борат за глобалната безбедност“, се наведува на официјалната веб-страница на Легијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Емиратите потенцијален домаќин на средбата Трамп - Путин

„Ендру имаше силно чувство за доброто и погрешното. Тој почувствува потреба да ги искористи своите поранешни воени борбени вештини за да му помогне на украинскиот народ да се бори и да ја ослободи земјата. Андреј беше исклучително близок со своите другари и беше сакан од сите. Сите сме исклучително горди на неговата храброст и несебична пожртвуваност“, велат родителите на Питерс.

Питерс служел во Авганистан во 2014 година.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...