Зеленски планира средба со Си, засега без одговор од Кина

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави дека планира да се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг за да разговара за предлозите на Пекинг за ставање крај на војната во Украина.

Loading...

Во обраќањето по повод првата годишнина од војната во Украина, тој вчера рече дека кинескиот предлог сигнализира дека Пекинг е вклучен во потрагата по мир, пренесува Би-би-си.

„Навистина сакам да верувам дека Кина нема да испорача оружје на Русија“, рече Зеленски.

Кинескиот план, кој вчера го објави Министерството за надворешни работи, повикува на мировни преговори и почитување на државниот суверенитет на сите земји.

Во документот од 12 точки не се наведува експлицитно дека Русија мора да ги повлече своите трупи од Украина, а исто така ја осудува употребата на „еднострани санкции“, што се смета за прикриена критика кон сојузниците на Украина на Запад, оценува Би-Би-Си.

Кинеските предлози уследија по посетата на главниот дипломат на земјата Ванг Ји на Москва, каде што во средата се состана со рускиот претседател Владимир Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.

Русија го поздрави кинескиот мировен предлог.

„Ги делиме ставовите на Пекинг“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи во Москва

Loading...

Засега кинеските власти официјално не одговориле на поканата на Зеленски да се сретне со Си.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.