Пентагон објави фотографија од кинескиот балон непосредно пред да биде соборен

Сподели со своите пријатели

Министерството за одбрана на САД објави фотографија од кинескиот балон непосредно пред да биде соборен на 4 февруари.

Loading...

Речиси 20 дена по соборувањето, Пентагон објави фотографија направена од пилотот на борбениот авион У-2 непосредно пред балонот да падне на брегот на Јужна Каролина, јавува Анадолија.

Северната команда на САД (NORTHCOM) објави дека остатоците од кинескиот балон се извадени од морето и испратени на испитување во лабораторијата на Федералното биро за истраги (ФБИ).

Остри реакции од Вашингтон

Кинескиот балон, кој беше откриен над американската држава Монтана, каде што се наоѓа американското нуклеарно оружје, предизвика дипломатска криза меѓу Вашингтон и Пекинг и привремено затворање на американскиот воздушен простор.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  COP29: Градовите во Кина и САД испуштаат најмногу стакленички гасови

По откривањето на балонот, американскиот државен секретар Антони Блинкен ја одложи посетата на Пекинг.

Кина тврди дека балонот соборен од САД бил цивилен метеоролошки истражувачки воздушен брод кој излетал од курсот.

За острите реакции од Вашингтон, кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека „некои политичари и медиуми во САД кренале прашина со цел да ја нападнат и клеветат Кина“.