Папата Франциско денеска во пресрет на годишнината од нападот на Украина повика на прекин на огнот и мировни преговори и порача дека „ниту една победа не може да се гради на урнатини“.
„Помина една година од почетокот на оваа апсурдна и сурова војна, тажна годишнина. Бројот на загинати, ранети, бегалци и раселени лица, висината на уништувањето и економската и социјалната штета зборуваат сами за себе“, рече папата Франциско за време на Неделна публика.
Еден ден по обраќањето на американскиот претседател Џозеф Бајден во Полска и на рускиот претседател Владимир Путин пред Федералното собрание на Русија, Папата рече:
„Да се запрашаме: дали е направено сè што е можно за да се запре војната? Ги повикувам сите оние кои имаат моќ над народите да се обврзат да го завршат конфликтот на конкретен начин, да постигнат прекин на огнот и да започнат мировни преговори. Она што е изградено врз ирнатините никогаш не може да биде вистинска победа“, рече Бајден.
Папата Франциско ги отфрли тврдењата на Русија дека нејзиното воено присуство во Украина е дел од „специјална операција“ и ги осуди, како што рече, злосторствата и убиствата на цивили, пренесува Ројтерс.
На публиката присуствуваше и украинскиот амбасадор во Ватикан Андриј Јураш заедно со делегација од украински претставници.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.