Си Џинпинг ќе се сретне со Путин во Москва

Сподели со своите пријатели

Кинескиот лидер Си Џинпинг планира да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во Москва во следните месеци, објави Волстрит журнал, повикувајќи се на извори запознаени со планот, пренесува Ројтерс.

Loading...

Средбата на Си со Путин ќе биде поврзана со напорите за воспоставување мировни преговори во кои би учествувале повеќе земји, а Кина ќе го повтори апелот да не се користи нуклеарно оружје, тврди Волстрит журнал.

Подготовките за патувањето се во рана фаза и времето сѐ уште не е финализирано, пишува весникот, додавајќи дека Си би можел да ја посети Москва во април или почетокот на мај, кога Русија ја слави победата над Германија во Втората светска војна.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Украина е уапсен командантот на единицата за специјални операции

Високиот кинески дипломат Ванг Ји пристигна во Москва во вторникот, бидејќи земјата се чини дека ги засилува своите дипломатски напори да се заложи за мировно решение во Украина.

Односи „силни како карпа“

Само неколку часа подоцна, Путин објави дека Русија го суспендира своето учество во договорот за нуклеарно оружје со Соединетите Американски Држави.

Ванг најверојатно ќе разговара за патувањето на Си додека е во Москва, додаде WSJ, цитирајќи луѓе запознаени со планот.

ИА објавија дека Ванг изјавил во Москва дека врските меѓу Москва и Пекинг се „цврсти како карпа“ и ќе ги издржат сите предизвици што може да ги претстави меѓународната ситуација.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Си Џинпинг повика на дополнителни мерки за зачувување на наталитетот во Кина

Ванг се сретна со шефот на рускиот Совет за безбедност Николај Патрушев, близок соработник на Владимир Путин.

Loading...

Кина е приоритет на руската надворешна политика

Патрушев му рекол на кинескиот министер за надворешни работи дека Кина е приоритет на руската надворешна политика и дека двете земји мора да соработуваат против Западот, пренесоа руските агенции.

Патрушев, исто така, му рекол на Ванг дека Москва ја поддржува позицијата на Кина кон Тајван, Хонг Конг и Ксинџијанг, според РИА.

„Во контекст на кампањата што ја води колективниот Запад со цел да ги потисне и Русија и Кина, од особено значење е натамошното продлабочување на руско-кинеската соработка и интеракција на меѓународно ниво“, рече Патрушев на средбата, пренесува РИА.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русија уапси тинејџер: Го доведува во врска со саботажа

Се очекува Си во петок да одржи „мировен говор“ во Кина по повод годишнината од руската инвазија на Украина.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.