Пристигна првата официјална реакција на Вашингтон на денешниот говор на Путин, во кој тој тврдеше дека војната во Украина е поттикната од Западот и „киевскиот режим“.
Loading...
Висок американски функционер рече дека тоа е „апсурдно обвинение“.
„Никој не ја напаѓа Русија“, изјави за АФП Џејк Саливан, советник за национална безбедност на американскиот претседател Џо Бајден.
„Идејата дека Русија е воено загрозена од Украина или некој друг е целосно апсурдна, таа идеја нема апсолутно никаква смисла.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.