„Посебно сакам да им се заблагодарам на жителите на Донбас, Запорожје и Херсон (украински региони чија анексија беше прогласена од Путин минатата година), вие самите одлучивте за вашата иднина и покрај заканите на нацистите. Одлучивте заедно со Русија, заедно со татковината. Почнавме и ќе продолжиме да растеме“, рече тој.
„Затоа, за нашите предци, за иднината на нашите деца, за враќање на историската правда – затоа нашите војници се борат. Сакам да им оддадам почит на сите војници и цивили кои загинаа во оваа воена операција“, додаде тој.
Рускиот претседател Владимир Путин денеска одржа говор за состојбата на нацијата пред двата дома на рускиот парламент, неколку дена пред годишнината од почетокот на војната во Украина.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

