Трамп: Време е Америка да престане да троши милијарди долари за Украина

Сподели со своите пријатели

Соединетите Американски Држави треба да престанат да трошат милијарди долари за поддршка на властите во Киев, изјави поранешниот американски претседател Доналд Трамп на митингот на неговите приврзаници на Флорида.

Loading...

„Милијарди, стотици милијарди долари не треба да се прелеваат во Украина. Конфликтот треба веднаш да се реши“, рече Трамп.

Трамп исто така повтори дека ќе може да го реши конфликтот во Украина за 24 часа.

„Мислам дека би можел да го решам тоа прашање за 24 часа. Но, натамошното одлевање пари значи одложување на разрешувањето на ситуацијата. Тоа одложува многу работи, но предизвикува и да убиваат се повеќе луѓе секој ден. Тој конфликт би можел да го решам за еден ден“, изјави поранешниот американски претседател.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски: Покана на Украина за НАТО е единствениот начин да се запре војната

Тој тврди дека Русија никогаш немаше да покрене специјална операција во Украина доколку неговата администрација беше на чело на Америка.

Трамп вети дека, доколку биде реизбран за претседател, „во истата вечер“ телефонски ќе ги повика рускиот лидер Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски за да се сретнат и да го решат конфликтот во Украина, пренесува Спутник.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.