Италијанска премиерка Мелони на пат за Киев

Сподели со своите пријатели

Италијанската премиерка Џорџа Мелони е на пат за Киев, каде ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, објавија во вторник италијанските медиуми.

Loading...

Мелони тргнала со ноќен воз од Полска за Киев, а нејзиното пристигнување во главниот град на Украина се очекува во утринските часови, објави телевизискиот канал Sky TG24.

Во понеделникот вечерта италијанската премиерка телефонски разговарал со американскиот претседател Џо Бајден, кој штотуку се врати во Полска по ненадејната посета на Киев, соопшти италијанската влада.

„Двајцата лидери разговараа за нивната блиска соработка во врска со помошта за Украина, вклучително и безбедносна, економска и хуманитарна помош“, соопшти резиденцијата на премиерот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп рече дека се подготвува да се сретне со Путин: „Тој сака да се сретнеме“

Мелони, која стана премиер во октомври, рече дека има намера да го посети Киев пред 24 февруари, првата годишнина од почетокот на руската инвазија на Украина.

Премиерката потсети дека Италија веќе испрати финансиска, воена и хуманитарна помош во Киев и најави испраќање електрична опрема во Украина со цел да се воспостави снабдување со електрична енергија за три милиони луѓе.

На воен фронт, Италија во соработка со Франција на пролет треба да и го испорача на Украина одбранбениот систем земја-воздух со среден дострел МАМБА.

На овој начин таа ја продолжува политиката на нејзиниот претходник Марио Драги, но Мелони има и проруски партнери во нејзината коалициска влада, особено шефот на Лигата, Матео Салвини и лидерот на партијата Форца Италија, Силвио Берлускони, кој е личен пријател на Владимир Путин.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина и Словачка на работ на конфликт за гасот, Фицо му се заканува на Киев со мерки

На 12 февруари Берлускони рече дека ако е на чело на владата, нема да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски бидејќи го обвинува за војната со Русија.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.