По американскиот претседател Џо Бајден, пред новинарите во Киев се обрати и украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој рече дека денешните разговори со неговиот американски колега биле „клучни“ и „плодни“.
„Се надеваме дека оваа година ќе стане година на победа“, рече Зеленски, додавајќи дека ќе продолжи да прави се што е можно „демократскиот свет да ја добие оваа историска битка“.
„На Украина ѝ претстои многу тежок период“, рече Зеленски, додавајќи дека со помош на САД и остатокот од светот ќе постигнат „историски достигнувања“.
„Денешните преговори беа важни, многу плодни и клучни. Тоа дефинитивно ќе се почувствува на бојното поле“, додаде Зеленски.
Украинскиот претседател рече дека со Бајден разговарал и за испраќање оружје со долг дострел, како и за друго оружје што Украина сѐ уште не го добила.
„Исто така, важно е да се обнови и да се инсистира на вистинскиот. Агресорот мора да ја преземе одговорноста за агресијата и да ја надомести штетата“, рече Зеленски и уште еднаш им се заблагодари на САД за поддршката.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.