Откако утрово се појавија гласини дека американскиот претседател денеска пристигнува во Киев, Џо Бајден беше снимен на улиците на главниот град на Украина со неговиот колега Володимир Зеленски.
„Њујорк тајмс“ пишува дека Бајден пристигнал во Киев по еден час возење со воз од границата со Полска.
Тој прошета низ главниот град на Украина со украинскиот претседател Володимир Зеленски, а двајцата го посетија манастирот Свети Михаил додека во градот се огласи предупредување за воздушен напад.
More footage of Biden in #Kyiv, walking with President Zelenskyy pic.twitter.com/4vHMg6mi8q
— Michael A. Horowitz (@michaelh992) February 20, 2023
„Њујорк тајмс“ ја опиша посетата како „демонстрација на одлучноста на неговата администрација да се спротивстави на долгогодишната руска инвазија на земјата“.
„Посетата на Киев беше извршена тајно од безбедносни причини, а Бајден без најава го напушти Вашингтон откако во саботата вечерта заедно со сопругата имаа ретка вечера во ресторан“, пишуваат американските медиуми.
„Њујорк тајмс“ посочува дека е јавно објавено дека Бајден во вторник наутро ќе пристигне во Варшава во дводневна посета, а официјалните лица постојано негираа дека има други планови да се најави патување во Украина додека е таму.
There cannot be a stronger commitment than this. US President Biden walking alongside President Zelenskyy inside the city of Kyiv.#Ukraine #USA #Kyiv pic.twitter.com/yYS9NUq0y4
— (((Tendar))) (@Tendar) February 20, 2023
„Навистина, Белата куќа во неделата навечер објави јавен распоред за понеделник кој покажува дека претседателот сѐ уште е во Вашингтон и вечерта заминува за Варшава, кога всушност веќе бил половина свет далеку“, заклучуваат медиумите.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.