Европската унија треба да обезбеди Украина да има доволно муниција за да ја продолжи борбата против руската инвазија, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Јосеп Борел
Loading...
Тој во Брисел, пред состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ, рече дека тоа е најитното прашање, пренесува Ројтерс.
„Доколку не го сториме тоа, исходот од војната е во опасност“, посочи Борел.
Тој изјави дека руската артилерија истрелува околу 50.000 истрели дневно и дека Украина треба да биде на исто ниво.
Според Борел, Украина има топови, но нема муниција.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.